Над велешко езеро „Младост” ќе се гради Регионално игралиште за деца со попреченост – ММС
ММС

Објавено на: 11/21/20 5:11 PM

Над велешко езеро „Младост” ќе се гради Регионално игралиште за деца со попреченост

Над велешко езеро „Младост” ќе се уреди и опреми Инклузивно игралиште со две тактилни патеки и реквизити соодветни за користење од и за деца и лица со пореченост.

Парцелата за уредување на игралиштето е лоцирана веднаш до парцелата на постојниот еко-камп на чие уредување се работи во рамките на проектот СМАРТ езеро „Младост” финансиран од ЕУ и управуван од проектната единица на ПРЛК.

Со овој значаен проект, децата и лицата со попречености ќе добијат можност со помош на специјализирани реквизити и соодветна инфраструктура да уживаат во нови, атрактивни содржини за забава и рекреација и да се дружат со своите врсници покрај езерото.

Како што информира градоначалникот Аце Коцевски, Општина Велес овој проект го доби преку Центарот за развој на Вардарскиот плански регион доби поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа за реализација на проектот „Инклузивен туризам – рекреативни содржини и услуги за еднаков  пристап до туристичката атракција Езеро Младост”.

Проектот, што го подготви Општина Велес во соработка со Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, е поддржан со финансиски средства во висина од околу девет милони денари  и треба да се реализира до мај 2021 година.

Со оваа активност ќе се подобрат условите за рекреација во околината на езерото на децата и лицата со попречености од Вардарскиот плански регион.

Како што нагласи Коцевски, додадена вредност на проектот е новата уредена плажа со пристап за лица со попреченост за што општината годинава инвестираше 200 илјади денари.

Тој потенцира дека овој е еден од ретките проекти во државата за инклузивен  развој на развој на домашниот и странски туризам.