Монтрез Херел ги разбесни фанови на Клиперс, од следната сезона ќе заигра за шампионот Лејкерс – ММС
ММС

Објавено на: 11/21/20 4:55 PM

Монтрез Херел ги разбесни фанови на Клиперс, од следната сезона ќе заигра за шампионот Лејкерс

Замената за Двајт Хауард кој во кампањата 2020/21 ќе го носи дресот на Филаделфија, актуелниот шампион Лос Анџелес Лејкерс ја пронајде во Монтрез Херел. Веста дека довчерашниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс ќе потпише со „езерџиите“ ја разбранува јавноста и ги разлути фановите на градскиот далеку помалку декориран и успешен ривал.

Херел како слободен агент ќе стави потпис на двогодишен договор и ќе му помогне на тимот на Френк Вогел за „бек ту бек“ титули во НБА, изјави агентот на кошаркарот Рич Пол за „ESPN“.

Моменталниот најдобар шести играч во најквалитетното кошаркарско првенство, ќе стане второто засилување во ростерот на Лејкерси по доаѓањето на Денис Шрудер од Оклахома. Нему ќе му се приклучи и слободниот агент, Весли Метјус.

Популарниот „Монтрез“ изминатата сезона забележа 18.6 поени во просек по меч и 7.1 скок.

 

 

Фото:

essentiallysports.com