Лекар од Универзитетската болница во Есен е уапсен под сомнение дека убил двајца пациенти со смртоносни инјекции, а германските медиуми пишуваат дека се работело за пациенти заразени со коронавирус, пренесува Н1.
Полицијата соопштила дека се работи за 44-годишен лекар на Универзитетската клинија во западногерманскиот град Есен. Осомничен е дека им дал смртоносни инјекции на 47 и 50-годишен пациент, кои починале на 13 и на 17 ноември.
Лекарот тврди дека делувал во договор со семејствата на пациентите за да им ги скрати маките, а и оти смртоносна инјекција му дал само на едниот од двајцата починати пациенти.
Двајцата пациенти биле во критична состојба, а медиумите пренесуваат оти биле заразени со коронавирус.
Активната помош при суицид во Германија е забранета.


