На денешен ден, 21 ноември 1995 година, во Дејтон (САД) беше постигнат договор за мировна спогодба во Босна и Херцеговина, со кој, откако беше потпишан на 14 декември истата година во Париз, официјално беше прекинта војната во БиХ.
Со тој документ официјално беше завршена четиригодишната војна, а Босна и Херцеговина оттогаш функционира како држава на три конститутивни народи и останати два ентитета – Федерација БиХ и Република Српска.
Дејтонската спогодба ја прекина војната, но во следните 25 години покажа дека создава многу проблеми, пишува сараевски „Дневни аваз“.