Кризниот штаб за борба против коронавирусот и’ предложи на српската Влада на сите продажни објекти да им се ограничи работно време до 17 часот, освен на прехранбени продавници, на аптеките и на бензинските пумпи.
Ова утрово го изјавил Срѓа Јанковиќ, имунолог и член на Кризниот штаб, во утринската програма на РТС, пренесуваат српски медиуми.
Тој нагласил дека е задолжително носење маски и на отворено тогаш кога може да дојде до меѓучовечки контакт. Кризниот штаб не расправал за евентуално воведување полициски час.
Кризниот штаб заседавал вчера од 9 наутро, па до попладне. До вечер се очекува Владата да ги прифати предлозите.


