Пет прашања за жените: Одговорите ќе ви помогнат да се разберете себеси подобро – ММС
ММС

Објавено на: 11/20/20 10:43 PM

Пет прашања за жените: Одговорите ќе ви помогнат да се разберете себеси подобро

Ако сакате да изградите добар однос со својот партнер, поставете си ги на себе следните пет прашања:

Зошто ме сака мојот партнер? Поради што ме почитува?

Ако сакате да се орасположите и да си ја зголемите самодовербата, поставете си го ова прашање. Самиот мозок ќе почне да „дофрла“ позитивни одговори.

Дали сум со него поради страв од самотија или затоа што навистина го сакам?

Ова прашање задолжително поставете си го, доколку допрва треба да влезете во брак.  Важно е добро да се познавате себеси пред да станете нечија жена.

Што ме привлекува кај него?

Секогаш размислувајте за позитивните карактеристики на својот партнер. Се разбира, ова не значи дека треба да гледате низ розови очила, но водете сметка да ги истакнете неговите позитивни особини.

Што можам да направам за себе во моментов за да се чувствувам среќно и задоволно?

Жената која се почитува себе, но и сопствената среќа, никогаш нема да му забележи на својот партнер дека не успеал да ја усреќи. Таа знае дека самата може да се усреќи и дека за тоа не и е потребен маж.

Зошто сум вредна за мојот човек?

Секогаш мора да бидете свесни за својата сила и мора да знаете дека се’ е во вашите раце.

 

Извор:  stil.kurir.rs