Спиењето во претопла просторија не само што води кон потење и непријатно чувство, туку и до пропуштање на бројните предности кои ги нуди спиењето во студена соба. Температурата од 18 степени целзиусови може да значи разлика помеѓу лошиот и мирниот сон – напоменуваат експертите. Според нив, спиењето во незагреана соба ни помага да останеме свежи и да изгледаме помладо.
Спиењето во соба со ниска температура го поттикнува создавањето мелатонин, кој се смета за хормон на спиењето. Исто така, е и антиоксиданс, што значи дека служи како хормон против стареење на телото – пишува Bright Side.
Спиењето во студена соба би можело исто така, да спречи несоница. Студиите покажале дека несоницата често е поврзана со повисоката телесна темпера, па така многу луѓе со несоница имаат проблем со регулацијата на телесната температура.
Високите температури значат дека телото го одлободува хормонот на среќата, кортизол. Постудената соба може да придонесе за одржување на соодветното ниво на кортизолот, што пак, води кон помалку стрес и подобар квалитет на сонот.
Спиењето во незагреана просторија може да ги намали шансите за одредени болести, како што е дијабетесот. Освен тоа, на ваков начин се подобрува нивото на хормонот на раст, со што се превенираат депресијата и гојазноста. Покачениот мелатонин го намалува и ризикот од Алцхајмерова болест.
Кога сме во длабок сон, нашето тело ги извршува своите клучни „задачи“ како што е консолидацијата на меморијата, но сепак не е во состојба да ја регулира телесната температура. Повисоката температура во просторијата може да не разбуди дури и од длабок сон, па одморањето во студена соба ги намалува шансите дека тоа ќе се случи.
Една од предностите на спиењето во незагреана соба е тоа што се спречуваат габичните инфекции. Бактериите и габите сакаат да живеат во топло и влажно опкружување, па студените простории во текот на ноќта можат да ги држат на дистанца. Спиењето во студена соба може да го подобри и метаболизмот.
И на крај, спиењето во студена соба може да има смирувачки ефект, што придонесува во борбата против болките и воспаленијата, поради кои сонот лесно би можел да биде нарушен.
Извор: rs.n1info.com