Унгарија ја прими првата пратка со руската вакцина Sputnik V – ММС
ММС

Објавено на: 11/20/20 9:05 PM

Унгарија ја прими првата пратка со руската вакцина Sputnik V

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто објави дека Унгарија ја примила првата пратка со руската вакцина против коронавирусот, позната како Sputnik V. Прелиминарните резултати покажуваат дека оваа вакцина е 92 проценти ефикасна против вирусот.

Сијарто пред една недела најави дека Русија ќе и’ испорача на Унгарија одредена количина од вакцината, за да може земјата да ја тестира во клинички услови. Откако пратката беше испорачана, министерот изјави дека унгарските експерти сега би можеле да почнат со истражување.

Примерок од руската вакцина е доставен во Будимпешта. Сега на ред се унгарските експерти. Tие може да почнат со isтражување, за да може да донесеме одлука за користењето на оваа вакцина – објави министерот.

Како што и претходно беше најавено, првиот контигент е помал и ќе помине низ клинички тестирањa, пред да биде увезена поголема количина од Sputnik V во јануари.

Унгарија е првата европска држава на која и’ е испорачана оваа вакцина.

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан изјави дека верува оти рестрикциите по повод семејните собирања ќе бидат укинати најдоцна до Божиќ, како и дека рестрикциите ќе дадат резултати за две недели. Унгарците засега имаат органичување од десет луѓе на еден семеен собир.

 

Фото:  Reuters

Извор: nova.rs