Марш во Скопје за сеќавање на геноцидот во Сребреница – ММС
ММС

Објавено на: 07/11/18 7:44 AM

Марш во Скопје за сеќавање на геноцидот во Сребреница

 

„Сеќавање на геноцидот во Сребреница“ e насловот на маршот кој денеска ќе се одржи во Скопје. Настанот кој го организираат Бошњачките организации во Македонија е по повод одбележувањето 11 јули, денот кога се случија масовните убиства во Сребреница.

Маршот ќе се реализира во време од 17 до 18 часот, а појдовна точка е парк Чаир кај Веро по улицата „Цветан Димов“ – Битпазар и старата скопска чаршија – Мурат пашина џамија – стоковна куќа Мост – преку Камениот мост до плоштад  „Македонија“.

На плоштадот предвидена е изведба на перформанс и читање на годинашната декларација.