Во Клиничката болница во Штип како донација пристигнаа првите брзи тестови за корона – ММС
ММС

Објавено на: 11/20/20 6:41 PM

Во Клиничката болница во Штип како донација пристигнаа првите брзи тестови за корона

На Инфективното одделение во Клиничката болница-Штип пристигнаа првите брзи тестови за ковид-19. Со нив ќе се тестираат сите оние на кои им е неопходно – најавија од Болницата, од каде велат дека со новите тестови се создава можност за спречување на ширењето на вирусот.

Овие тестови ги донираше ланецот маркети Зендолино, од каде потенцираат дека целта им е да ги поттикнат и останатите приватни компании да се вклучат во борбата против вирусот. Од Зендолино донираа вкупно 125 брзи тестови, додека Болницата во Штип очекува вакви тестови да пристигнат и од Министерството за здравство.