Банкротираа Пикокс и Џегер, едни од водечките трговски синџири во Велика Британија, пренесува „Анадолија“ .
Во соопштението на Групацијата „Единбург Вулен Мил“, поврзана со познатите синџири за трговија со облека, се истакнува дека двете компании прогласиле банкрот поради недостаток на купувачи.
Двата трговски синџира имаат вкупно 500 продавници и 4.750 вработени низ Велика Британија.
„Во последните неколку недели водевме конструктивни преговори со голем број потенцијални купувачи за продажба на ланците Пикокс и Џегер. Но, поради епидемијата и вториот карантин, преговорите станаа долги и посложени“, се вели во соопштението на Групацијата.
Во Велика Британија, каде се регистрирани најмногу смртни случаи од Ковид-19 во Европа, мерката карантин започна на 5 ноември. Сите бизниси беа затворени освен маркетите, каде се продаваат основните производи, и аптеките. Исто така, излегувањето на улица е ограничено.