ДЗС: Просечната нето-плата во септември 27.405 денари – ММС
ММС

Објавено на: 11/20/20 3:32 PM

ДЗС: Просечната нето-плата во септември 27.405 денари

Просечната нето-плата во септември годинава изнесува 27.405 денари и е за 7,7 отсто повисока во однос на минатогодишниот септември, додека просечната бруто исплатена плата изнесува 40.913 денари и е повисока за 8,2 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето се должи, пред се, на повисоката просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација за 10,6 отсто, во преработувачка индустрија за 10,2 отсто и во дејностите на здравствена и социјална заштита за 10 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето плата, во однос на претходниот месец има во секторите земјоделство, шумарство и рибарство за 7,1 отсто, уметност, забава и рекреација за 6,4 отсто и трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли за 3,2 отсто.

Зголемување на испалатената бруто плата се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Преработувачка индустрија за 10,7  отсто, уметност, забава и рекреација за 10,6 и дејности на здравствена и социјална заштита за 10,2 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација за 6,4 отсто, земјоделство, шумарство и рибарство за 5,4 и трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли за 2,9 отсто.