Битиќи во посета на Еуроникел индустри: Изозот на фероникел дава дополнителна додадена вредност на нашата економија – ММС
ММС

Објавено на: 11/20/20 1:42 PM

Битиќи во посета на Еуроникел индустри: Изозот на фероникел дава дополнителна додадена вредност на нашата економија

Големите приватни компании имаат голема важност во одржувањето на македонската економија – истакна вицепремиерот и министер за економија Фатмир Битиќи при посетата на компанијата „„Еуроникел индустри“ која беше со цел информирање за поддршка на компаниите за полесно справување со последиците од корона кризата.

Битиќи од раководството на комбинатот за производство на феро никел беше запознат со тековните процеси во комбинатот, постигнатите производни резултати како и резултатите од досегашните инвестиции и идните инвестициските планови.

-И оваа година, и покрај економската криза во целиот свет, успеале да го одржат речиси на исто ниво и производството, и извозот и бројот на вработени. Тоа е добро за локалната економија, за сите вработени, но и генерално за економијата на Северна Македонија, посебно во ова време на светска криза. Оваа компанија е еден од најголемите работодавачи во Кавадарци и регионот, со околу 1000 вработени лица, која соработува со околу 70-80 транспортни компании од овој регион, а е четврта по вредност на извезени производи, со околу 166 милиони евра извоз во 2019 година, и деветта по вредност во остварени приходи во земјата (169,5 милиони евра). Целосно извозно ориентирана компанија, а дополнително е важно што производот кој го извезуваат, тоа е феро-никелот, дава дополнителна, додадена вредност на нашата економија, односно има нето додадена вредност на направениот извоз, истакна заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Битиќи.

За развојните планови на Еуроникел Индустри и за значењето на компанијата за развојот на домашната економија, како и за надминување на предизвиците со кои се соочува, директорот на Еуроникел Индустри, Герасим Кујунџиев истакна дека и во време на пандемија компанијата успеала да воспостави безбеден и контиуниран производен процес кој резултирал со зголемено производство и извоз.

-Кај нас нема намалување на обемот на работа, ниту кратење на вработени или плати, но секако ова е постигнато со енромни напори на сите засегнати страни, од инвеститорите до работниците. Сепак предизвиците се големи при што најзначајна и најпотребна е поддршката од институциите и државните органи да излезат пресрет на приватниот сектор со редовно и доследно исполнување на обврските, затоа што нашиот придонес кон домашната економија е значаен во секој поглед, истакна Кујунџиев.

Паралелно со спроведувањето на инвестициските планови и развојот на комбинатот, од менаџментот на Еуроникел Индустри истакнаа дека подеднакво внимание се посветува на вработените,  создавајќи поволна работна атмосфера, подигнување на стандардот на квалитетот на живот на вработените и професионална перспектива. Истовремено Еуроникел Индустри е поддржувач на локалната заедница преку бројни општествено одговорни активности.

 

Ангел Данов