ВИДЕО: УЕФА ги почести Македонците со одлично промо-видео по повод пласманот на Европско – ММС
ММС

Објавено на: 11/20/20 1:28 PM

ВИДЕО: УЕФА ги почести Македонците со одлично промо-видео по повод пласманот на Европско

Македонската фудбалска репрезентација минатиот четврток со победата над Грузија во Тбилиси, за првпат од осамостојувањето се пласираше на едно големо натпреварување.

Погодокот на капитенот Горан Пандев беше и повеќе од доволен да донесе радост на македонските навивачи и да предизвика невидена еуфорија во јавноста и на улиците низ земјата.

Светските медиуми пишуваа со пиетет за нашиов подвиг, добивавме поддршка и од соседите, од учесниците со кои треба допрва да се сретнеме на Европското, од самата УЕФА.

Токму УЕФА ги собра сите емоции од минатата историска недела и ги „стокми“ во кратко промо-видео кое остава без здив.

 

Македонската фудбалска репрезентација патешествието на Европското првенство го започнува на 13 јуни следната година во Букурешт.