Филипче: Здравствените работници се преморени ама не се откажуваат, да ги поддржиме – ММС
ММС

Објавено на: 11/20/20 10:21 AM

Филипче: Здравствените работници се преморени ама не се откажуваат, да ги поддржиме

Министерот за здравство Венко Филипче вчера, по 10-тата седница на Советот за безбедност истакна дека сега е најтешкиот период во справувањето со коронавирусот, а здравствените работници се под огромен притисок, но не се откажуваат.

-Насекаде се имплементирани истите мерки. Помалку или повеќе, тоа се модификации на истите принципи на превенција за спречување на ширење на вирусот. Здравствените работници, посебно овој период, се под огромен притисок. Огромен дел од нив се преморени ама не се предаваат. Тие и понатаму пожртвувано работат и се повеќе и со поголем ентузијазам се вклучуваат и во новите одделенија – делови од болници коишто сега ги планираме и во следниот период да станат ковид-центри, потенцира Филипче.

Тој упати апел до граѓаните да ја почитуваат работата на здравствените работници и да се придржуваат до мерките за заштита.