Патријархот на Српската православна црква, Иринеј, почина на 90 годишна возраст утрово во 07:07 часот, соопштија од СПЦ.
Според српските медиуми и претседателот Александар Вучиќ, неговата состојба во текот на вчерашниот ден нагло се влошила, а Иринеј беше позитивен на Ковид-19 веднаш по погребот на црногорскиот митрополит Амфилохие при крајот на минатиот месец.
Роден е во село Видово близу Чачак во 1930 година. Дипломира на Богословскиот факултет во Белград, додека за Архиепископ печки, Митрополит белградски-карловачки и Патријарх српски е избран во 2010 година.