Како да го негувате домашниот миленик за време на зимата? – ММС
ММС

Објавено на: 11/19/20 10:23 PM

Како да го негувате домашниот миленик за време на зимата?

За време на пандемијата, ветеринарите и фризерите за животни кои се занимаваат со нега и хигиена на домашните миленици, го зголемија степенот на одговорност. Тие даваат и совети за тоа како да се изведе бањањето и шишањето на милениците во пресрет на зимата.

Шишањето, бањањето и средувањето на ноктите особено во овој период треба да е почесто, но тоа не е единствениот начин на кој може превентивно да делувате во однос на своите домашни миленици.

Влакното треба да се остави малку подолго, но сепак хигиената треба редовно да се одржува – советуваат фризерите за животни.

Сепак, секое куче индивидуално го поднесува зимскиот период. Додека на некои кучиња не им е толку голем проблем да им биде студено, има и такви кои постојано сакаат да им е топло. Токму поради тоа, треба да се прилагодите на потребите на милениците.

Во зимскиот период доволно е кучето да се бања еднаш месечно. Препораките од експертите се дека мокрите шепи треба да се избришат со пешкир. Освен редовното бањање, за миленикот треба да се грижите така што ќе му ја збогатите исхраната со повеќе витамини, за да му го зајакнете имунитетот.

 

Извор:  informer.rs