Траело 14 секунди: Актер од серијата „Сексот и градот“ призна кога ја изгубил невиноста – ММС
ММС

Објавено на: 11/19/20 9:47 PM

Траело 14 секунди: Актер од серијата „Сексот и градот“ призна кога ја изгубил невиноста

Четириесет и четиригодишниот актер кој се прослави со улогата на Данте, згодниот сосед на Саманта во „Сексот и градот“, искрено проговори за начинот на кој ја изгубил невиноста кога имал 13 години. Во интервју за американското списание “Page Six”, актерот Жил Марини откри дека ја изгубил невиноста на тринаесетгодишна возраст со својата тогашна девојка, Соња која имала седумнаесет години и која пораснала во дом за деца без родители.

Беше романтично и застрашувачко – признава актерот, објаснувајќи дека Соња го повикала во својата соба и покрај тоа што имала момче по име Коко.

Погодете што слушнав за време на нашиот однос? Го слушнав нејзиното момче како и’ вика да ја отвори вратата. Тоа беше моето прво сексуално искуство – посочува актерот во интервјуто.

Прашан дали односот завршил успешно и покрај викањето од момчето на девојката, тој низ насмевка одговара дека се’ било готово за 14 секунди.

Зборувајќи пак, за својата улога во култната серија „Сексот и градот“, Марини признава дека добил големо внимание не само од  многу жени, туку и од мажи. По оваа серија, тој имаше уште неколку помали улоги во неколку филмови.

 

Извор:  srbijadanas.com