Отишла по цигари и не се вратила: Пронајдена мртва актерката Броселијанда Хернандез – ММС
ММС

Објавено на: 11/19/20 9:29 PM

Отишла по цигари и не се вратила: Пронајдена мртва актерката Броселијанда Хернандез

Педесет и шестгодишната кубанска актерка, Броселијанда Хернандез е пронајдена мртва на плажа во Мајами.

На нејзиното тело не се воочени траги од насилство – информира полицијата, а надлежните органи соопштија дека причината за смртта за уште не е позната.

Актерката била пронајдена мртва вчера од страна на случаен минувач кој ја повикал полицијата. Семејството на актерката тврди дека во вторникот вечерта таа излегла да си купи цигари и потоа ниту се вратила, ниту одговарала на телефонските повици.

 

Извор:  srbijadanas