По долгото отсуство од медиумите, Џорџ Клуни повторно се најде на насловната страница на едно списание и токму на она кое го прогласи за маж на годината. Се работи за списанието GQ, за кое холивудскиот заводник даде и интервју во кое зборуваше и за приватниот живот.
Во интервјуто, тој открива дека бил уверен оти нема никогаш да се жени, ниту пак да има деца. Но, се’ се променило кога во неговиот живот влегла четириесет и двегодишната Амал, поради која се „збогувал“ од сите свои претходни одлуки. Потоа, со успешната адвокатка зачекорија кон олтарот во 2014. Година. Со неа се оствари и како татко, откако пред три години ги добија Елу и Александар.
Цели 36 години бев оној лик кој бегаше секогаш кога некое дете ќе почнеше да плаче. Одеднаш станав оној другиот лик, со децата. Цел живот бев уерен дека нема да се оженам, дека нема да имам деца. Дека едноставно ќе се посветам на работата и на добрите пријатели. Сфатив дека животот всушност ми бил празен пред да ја запознаам Амал. Тогаш се’ се промени и сам на себе си реков дека навистина сум бил осамен. Никогаш не сум бил во позиција нечиј друг живот да ми е поважен од својот, а потоа дојдоа две мали суштества – вели актерот.
Емотивниот Клуни во интервјуто зборува и за актерската кариера:
„Единствениот начин на кој можеш искрено да зборуваш за работите е да зборуваш за себе. Го обожувам овој бизнис, но исто така не сакам да бидам и шеесетгодишник и да се грижам за тоа дали некој млад продуцент ќе ме ангажира“.
Извор: stil.kurir.rs