Зајакнете го имунитетот со „златен мед“ – ММС
ММС

Објавено на: 11/19/20 8:50 PM

Зајакнете го имунитетот со „златен мед“

Меѓу народот, куркумата и медот се познати како „златен мед“ бидејќи претставуваат еден вид антибиотик кој го зајакнува имунолошкиот систем. Куркумата содржи антиоксиданси и има имуностимулирачки својства. Медот е веќе познат како природен засладувач. Тој е неверојатно здрав, а кога ќе се искомбинира со куркума прави вистинско чудо за целиот организам.

Овие две состојки ја подобруваат работата на цревната флора, ги смируваат симптомите на настинка и се добри сојузници во борбата со респираторните инфекции. Подготовката е многу едноставна.

Потребни ви се сто грама мед и една лажичка куркума. Измешајте ги овие состојки и ставете ги во стаклена тегличка.

За консумирање користете дрвена лажичка, бидејќи медот лошо реагира на метал.

Оваа смеса може да ја ставите во чај или млеко.

Доколку сте настинати или преладени, златниот мед користете го на следниот начин:

Прв ден – пола лажичка на еден час

Втор ден – пола лажичка на секои два часа

Трет ден – пола лажичка три до четири пати дневно

 

Извор:  informer.rs