Здружение на Горанците: Го ставаме целиот наш капацитет на располагање на оние кои се справуваат со Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 11/19/20 8:42 PM

Здружение на Горанците: Го ставаме целиот наш капацитет на располагање на оние кои се справуваат со Ковид-19

Поради сериозноста на ситуацијата во врска со се поголем број на ново заболени од Ковид-19, а со цел да се помогне на нашите херои здрвствени работници, Здужението на Горанците во Македонија ја донесе следнава одлука:

Сите наши капацитети, членство и волонтери се ставаат на располагање на институциите кои се справуваат со Ковид-19 во дел кои можат да помогнат и да дадат придонес во рамки на своите можности!

Сите заинтересирани кои имаат желба и можност да помогнат на било кои начин, можат да се обратат на емаил,телефон или инбокс.

Ова ќе биде наш мал придонес како општесвено одговорни граѓани во оваа заедничка борба, а воедно голема поддршка за хероите на денешницата -здравствените работници.