Дваесетгодишна девојка од округот Ваишали во Бихар им подлегнала на повредите кои и’ биле нанесени неодамна. Гулназ Катун е запалена на триесетти октомври и хоспитализирана со оштетување на 75 проценти од кожата. Според зборовите на членовите на нејзиното семејство, таа била нападната откако одбила да се омажи за извесен Сатиш Раи, бидејќи четири месеци била свршена со друг човек.
Пред смртта, таа ги посочила како виновни Сатиш, нејзиниот татко и нејзиниот брат. Видео изјавата на жртвата стана вирална на социјалните мрежи, каде таа наведува дека Сатиш ја запалил, додека татко и’ и брат и’ му помагалe во извршувањето на тоа злосторство.
This happened in Vaishali Bihar .
A girl named #Gulnaz_Khatoon was molested by Satesh Kumar and Chandan Kumar , when she resisted , they burned her alive by pouring karosene . @UN_Women@unwomenindia@womensmarch#गुलनाज_को_न्याय_दो pic.twitter.com/38rQk1mEBw— Saifullah (@___Saifullah) November 18, 2020
Мајката на девојката изјавила дека Сатиш и’ се заканувал со тешки последици ден пред злосторството, а ја запалил околу 17.30 часот на триесетти октомври кога таа излегла од домот за да фрли ѓубре.
Медиумите пренесоа дека Сатиш, таткото и братот на девојката се обвинети и дека се формирани три полициски тимови за да ги фатат бидејќи се во бегство.
Според полицијата, доколку обвинетите не се предадат во следните три дена, ќе биде почната постапка за одземање на нивните имотти. Ваквиот инцидент предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, особено на Твитер каде се бара правда за жртвата. На платформата веќе се појави и хаштагот Правда за Гулиз.
Извор: informer.rs