Актерите Жарко Лаушевиќ и Ирфан Менсур оздравеа од ковид-19 и тие веќе не се хоспитализирани. Актерите успешно се излечија и според официјалните информации тие се чувствуваат добро.
Лаушевиќ не беше во животозагрозувачка состојба ниту пак имал потреба за кислородна поддршка, а со коронавирусот се заразил во текот на операција на циста на заб на 23 октомври.
Ирфан Менсур имал средно тежок облик на зараза и исто така не бил во животозагрозувачка состојба.
Извор: mondo.rs


