КСС бара да се врати одлуката за исплата на 100 проценти плата за заболените од Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 11/19/20 4:06 PM

КСС бара да се врати одлуката за исплата на 100 проценти плата за заболените од Ковид-19

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска реагираше на најновиот заклучок на Владата со кој на болните од Ковид нема да им се исплаќа 100 проценти плата.

Синдикатот бара да се врати старата одлука и да се изјаснат сите синдикати дали е вистина дека по нивна иницијатива е скратено ова право. Од министерката за труд и социјална политика се бара да каже кои граѓански организации барале кратење на ова право.

– Недозволиво е министерката за труд и социјална политика да се повика на сидикатите и невладините организации за да го оправда овој крајно срамен потег, со кој едно од основните права на работниците се кратат само со заклучок на Влада. Уште потрагично е да не се консултираат социјалните партнери за ваква круцијална одлука  за која што одговорно тврдиме дека никој не не консултирал или пак прашал, велат од КСС.

Потсетуваат дека од почетокот на пандемијата бараат Ковид-19 да биде прогласено за професионално заболување и апелираат да се направи ажурирана проценка на ризик на работните места согласно новата биолошка штетност како што повикува и Законот за безбедност и здравје при работа и правилникот за биолошки штетности.

МИА