Со летото во Тетово дојде и нечистотијата – ММС
ММС

Објавено на: 07/10/18 3:05 PM

Со летото во Тетово дојде и нечистотијата

Во Тетово и ова лето се таложат отпадоци на јавните површини. Од улиците посебно покрај контејнерите, се шири голема смрдеа.

Граѓаните бараат во овој период од годината кога има високи температури, комуналците повеќе да обрнат внимание за чистотата на јавните површини, каде се таложат отпадоци, посебно покрај контејнерите, каде се цеди течност од органски производи кои сега највеќе се троши. Тетовци се плашат од заразни болести.

Покрај нечистотијата, во градот во последно време може да се забележи дека недоволно се одржуваат неколку паркови во градот, каде не се коси и наводнува тревата редовно.

И покрај ваквата состојба, на официјалната Фејсбук страница на Јавното комунално претпријатие Тетово, се објавуваат фотографии каде се прикажува како редовно се чистат улиците во вечерните часови и се одржуваат парковите. Но, преку ден сликата е сосема друга. Во градот има безброј мини депонии, па од секое тетовско мало се шири неподнислива миризба.

Како доказ дека ЈКП Тетово не си ја врши работата, доволно е да се погледне во нивниот двор, односно во кругот на претоварната станица за отпад, каде повеќе од 10 дена наместо во посебни контејнери сметот собран од теотвсктие домаќинства, пред да се носи во скопската депонија Дрисла се истура на земја.