Гвардиола останува во Сити до 2023 година – ММС
ММС

Објавено на: 11/19/20 2:03 PM

Гвардиола останува во Сити до 2023 година

Откако е пристигнат во 2016 година на „Етихад“, името на Пеп Гвардиола секоја сезона се поврзува со некој друг европски топ клуб. Актуелниот договор на шпанскиот стратег истекува за седум месеци, па затоа челниците на Сити и некогашниот предводник на Барселона решија да стават крај на шпекулациите.

Пеп Гвардиола потпиша нов двегодишен договор со Манчестер Сити и на кормилото на тимот од „синиот“ дел од Манчестер ќе се задржи до 2023 година.

Во неговиот мандат Сити освои шест „главни“ трофеи, вклучувајќи и две титули во Премиер Лигата.

-Откако дојдов овде се чувствувам добредојден од страна на клубот, градот, навивачите, стручниот штаб, луѓето кои работат во клубот, претседателот, сопственикот. Таквата поддршка за тренерот е многу важна. Предизвикот е да стануваме подобри и подобри, изјави Пеп Гвардиола по потпишувањето на договорот.

Манчестер Сити следното коло во Премиер Лигата на гостински терен ќе се соочи со препородениот Тотенхем на Жозе Мурињо.