Состојбата со коронаворусот во тетовско е критична. Моментално има евидентирани над 1000 активни случаи со КОВИД 19.
Најголем проблем според Кризниот штаб на Општина Тетово е што имаме линеарно ширење на вирусот. Во целата ситуација позитивно е што болниците се уште имаат капацитет да ги згрижуваат заболените лица, истакна првиот човек на Општина Тетово Теута Арифи.
Над 1000 лица се сеуште активни случаи, а досега од тетовско од КОВИД 19 починале 119 лица
Во тетовско последниве неколку недели имаме брзо ширење на заразата. Местата каде имаме голема трансмисија на болеста се пазарите како и локациите пред банките каде има големи гужви.
Зоран Димовски


