Состојбата со коронаворусот во тетовско е критична – ММС
ММС

Објавено на: 11/19/20 1:53 PM

Состојбата со коронаворусот во тетовско е критична

Состојбата со коронаворусот во тетовско е критична. Моментално има евидентирани над 1000 активни случаи со КОВИД 19.

Најголем проблем според Кризниот штаб на Општина Тетово е што имаме линеарно ширење на вирусот. Во целата ситуација позитивно е што болниците се уште имаат капацитет да ги згрижуваат заболените лица, истакна првиот човек на Општина Тетово Теута Арифи.

Над 1000 лица се сеуште активни случаи, а досега од тетовско од КОВИД 19 починале 119 лица

Во тетовско последниве неколку недели имаме брзо ширење на заразата. Местата каде имаме голема трансмисија на болеста се пазарите како и локациите пред банките каде има големи гужви. 

 

Зоран Димовски