Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, во второто на Завршниот мастерс во Лондон загуби од Данил Медведев со 0:2 (3:6, 3:6) и со тоа си ги искомплицира шансите за пласман во полуфиналето.
Српскиот ас воопшто не изгледаше добро на теренот во ниту една фаза од играта. Но, кредит не смее да му се одземе на Медведев и на веројатно една од неговите најдобри партии во кариерата.
Самиот старт на двобојот не ветуваше премногу за Ѓоковиќ. Му дозволи на опонентот да го напаѓа и полесно од очекувањата да освојува поени и гемови на негов сервис.
Оваа победа после 80 одиграни минути го носи Русинот директно во полуфиналето, а Ѓоковиќ во петок на мегдан со Александар Зверев во дуел вреден пласман понатаму.