Вчера му почина синот, пред тоа ќерката, која ја погребаа покрај мајка и- Живот полн трагедии на пејачот Боби Браун – ММС
ММС

Објавено на: 11/19/20 10:36 AM

Вчера му почина синот, пред тоа ќерката, која ја погребаа покрај мајка и- Живот полн трагедии на пејачот Боби Браун

Познатиот пејач и продуцент Боби Браун вчера загуби уште едно дете.   Странските медиуми јавуваат дека Боби Браун ј,униор(28), син на пејачот и продуцент Боби Браун, починал во неговиот дом во Лос Анџелес.  Засега не е соопштена причината за смртта. Неговиот брат Лендон сподели црно-бела фотографија од починатото момче, со порака „Те сакам засекогаш“.
Пред Боби јуниор, почина и ќерката на Боби Браун, Боби Кристина Браун (22). Таа почина во јули 2015 година, како резултат на оштетување на мозокот. Претходно поминала шест месеци во кома, а била пронајдена во бесознание во бањата, во нејзиниот дом во градот Розвел, американска држава  Џорџија.

Погребана е во Њу Џерси, покрај нејзината мајка, познатата пејачка Витни Хјустон, која почина на 48-годишна возраст од последиците од конзумирање наркотици.

Боби Браун, кој се прослави  хитови  во 90-тите години, често зборуваше за својата покојна ќерка, а исто така планираше да изгради дом за жени жртви на семејно насилство во спомен на неа.

Извор: srbijadanas.com

Фото: nme.com