Конференција „Како до ефикасен инспекциски надзор против загадувањето?”. – ММС
ММС

Објавено на: 11/19/20 7:39 AM

Конференција „Како до ефикасен инспекциски надзор против загадувањето?”.

Зелениот институт, во соработка со Биро де Хелинг од Холандија, денеска организира конференција на тема „Како до ефикасен инспекциски надзор против загадувањето?”.

На конференцијата ќе се говори за критичките видувања на граѓанскиот сектор за институционалниот одговор на загадувањето, за резултатите од инспекциските надзори на Државниот инспекторат за животна средина во тековниот месец, како и за искуството со е-Платформата на Градскиот инспекторат во Скопје за пријавување и следење на инспекциските надзори од страна на граѓаните, заради поголема транспарентност.

Учесниците ќе разменат мислења и за креирање нова е-апликација со карта на загадувачите заради полесно препознавање на изворот на загадување при пријавување од страна на граѓаните, во соработка со Државниот инспекторат за животна средина, Зелениот институт и Биро де Хелинг, но и за нов Прирачник за локалните инспектори, изработен врз база на истражувањата и анкетите на локалните инспектори и граѓаните од страна на Зелениот институт.

На конференцијата, меѓу другите, ќе се обрати Маја Морачанин, пратеничка и претседателка на зелената партија ДОМ, а презентации ќе имаат и претставници од О2 Иницијатива, Ана Петровска – директорка на Државниот инспекторат за животна средина, Мирослав Богдановски – пратеник, Горјан Јовановски – автор на апликацијата „Мој воздух” и Билјана Тешева – правник.