Едноставен народен лек за појак имунитет – ММС
ММС

Објавено на: 11/18/20 11:34 PM

Едноставен народен лек за појак имунитет

Сирупот од ловоров лист е природно средство за смирување на надразнетото грло. Делува антисептички и одличен е во борбата против воспаление на слузокожата. Освен тоа, ги прочистува дишните патишта и го зајакнува имунитетот. Овој сируп може да го направите и во домашни услови.

Ловоровиот лист често се користи и во кујната како додаток на јадењата, па веројатно веќе го имате меѓу своите зачини. Листовите од оваа билка се богати со минерали и Б витамин, поради што се одлична превентива за заштита на имунитетот. За подготовка на овој домашен сируп потребни се само 3 состојки: вода, ловоров лист и кафеав шеќер или мед.

Потребни состојки:

Шест сушени ловорови листови

Лимон

3,4 лажички кафеав шеќер или мед

Начин на подготовка:

Во едно тенџере ставете 2 ипол dcl вода. Во водата додајте го ловоровиот лист, поклопете и оставете ја водата на оган околу пет до десет минути. Потоа извадете ги листовите,  а водата ставете ја во друг сад. Потоа исцедете еден лимон во неа и додајте го засладувачот кој сте го одбрале.

Од сирупот консумирајте 3 пати дневно по една лажичка.

 

Извор:  stil.kurir.rs