Ги налути фановите: Лана Дел Реј со навидум незаштитна маска – ММС
ММС

Објавено на: 11/18/20 11:05 PM

Ги налути фановите: Лана Дел Реј со навидум незаштитна маска

Пејачката Лана Дел Реј ги шокираше сите, откако во една прилика одлучи наместо класична, да носи маска од мрежа за заштита од коронавирусот.

Многумина го прокоментираа овој нејзин потег, не сфаќајќи како воопшто таа се чува, кога излегува, судејќи по се’, само со моден додаток преку носот и устата. Бројните негативни коментари на крај сепак ја „скршија“ познатата пејачка, па ја натераа да се огласи во однос на оваа тема.

Генерално не давам никакви коментари, но еве. Маската е заштитна, има проѕирна пластика од внатрешната страна. Тоа денес е честа појава. Среќна сум што имам тим од луѓе кои можат тоа да го направат – одговори Лана на Твитер.

 

Извор:   srbijadanas.com