Косата да се мие на секои два до три дена – советуваат фризерите – ММС
ММС

Објавено на: 11/18/20 10:33 PM

Косата да се мие на секои два до три дена – советуваат фризерите

Фризерот, Џулиен Фарел открива дека иако секоја фризура е единствена и поразлична, повеќето луѓе претеруваат со нејзиното миење.

Ако ја миете косата секојдневно, тоа може повеќе да и’ наштети, отколку да и’ користи. Треба да ја миете на секои два до три дена – советува фризерот.

Пречестото миење на косата води кон сушење и пукање, а ако вашата коса е веќе оштетена, тогаш треба да ја миете уште поретко – додава тој.

Неговите колеги се согласуваат со овие тврдења.

Кога ќе почнете да ја миете коса секој ден, таа почнува често да се масти. Освен ако не сте се испотиле не некој тренинг или сте работеле некоја валкана работа, навистина нема потреба да ја миете секој ден – смета фризерот, Скот Милер.

Фризерот,  Пол Кучинело кој работи со познати личности, за Women’s Health објаснува дека косата може да се уништи доколку со претера со фарбањето и третирањето

Исто такво влијание има и претераното шампонирање – додава фризерот.

 

Извор:  index.hr