Поповски: Јавноста ги знае сите информации од истрагата за случајот со Никола Саздовски – ММС
ММС

Објавено на: 07/10/18 2:44 PM

Поповски: Јавноста ги знае сите информации од истрагата за случајот со Никола Саздовски

Во случајот со младиот Никола Саздовски, чијшто живот за жал згасна прерано, јавноста е целосно и навремено информирана за активностите кои ги преземаа и се’ уште ги преземаат сите владини надлежни институции – се вели во денешното соопштение испратено од кабинетот на министерот без ресор, Роберт Поповски.

Според него,  не постојат информации или какви било податоци кои се прикриваат или не се достапни за медиумите и граѓаните на Република Македонија.

Тој ги повика сите државни институции да ја завршат постапката во однос на случајот транспарентно и со целосна посветеност во интерес на правдата.

Во исто време, Владата на Република Македонија упатува сочуство кон семејството на починатото момче. Воедно упатуваме апел до сите граѓани да се почитуваат различностите, да не се употребува говор на омраза кој директно ја поттикнува спиралата на омраза.  Крајно некоректно е трагичната смрт на Саздовски да се користи за политичко профитирање – се додава во соопштението.