По големиот успех со пласманот на Европското првенство, Македонија вечерва пропушти голема шанса со победа или нерешено со Ерменија, на решавачкиот меч што се играше во Никозија, на Кипар, да останат први на табелата во групата и со тоа од в година во Лигата на нации, наместо во Ц, да настапуваат во Б-сегментот.
Првото полувреме го одигравме подобро. Имавме две шанси.Имаа и Ерменците, но Шишковски бранеше добро. Ерменците поведоа со 1-0 во 55’ минута со голот на некогашниот фудбалер на скопски „Вардар“ Хамбарџумјан. До крајот на мечот нашата репрезентација, која во Никозија отпатува без повеќе првотимци, се обидуваше да притисне, но не успеа да создаде посериозна шанса. На 15 минути пред крајот на мечот Ерменците имаа идеална шанса за зголемување на водството, но нашиот голман одбрани одлично.


