Во Неготино е приведен скопјанец осуден на речиси седум години затвор – ММС
ММС

Објавено на: 11/18/20 6:09 PM

Во Неготино е приведен скопјанец осуден на речиси седум години затвор

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потраги денеска во 12:50 часот на улицата „Јане Сандански” во Неготино приведоа триесет и осумгодишен скопјанец.

Тој бил баран со потерница од Основен суд Скопје 1, за издржување казна затвор од шест години и девет месеци.

Како што информираат од МВР, лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправна установа.