ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Спасовски се обидоа да сокријат убиство, Спасовски мора веднаш да си поднесе оставка – ММС
ММС

Објавено на: 07/10/18 2:38 PM

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Спасовски се обидоа да сокријат убиство, Спасовски мора веднаш да си поднесе оставка

Најголемата опозициска партија во земјава, ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува СДСМ и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски дека се обидуваат да го сокријат убиството на Никола Саздовски од Скопје.

Нема информации во јавноста каде е третиот сторител, ниту дали некој воопшто го бара. Нема потерница од страна на МВР, нема ништо“, реагираше денеска на прес конференција партискиот портпарол, Димче Арсовски.

„Мартин Јанушев брутално беше убиен со огнено оружје пред својот дом. Убиецот е на слобода. 17 годишен член на „Комити“ беше прободен на постојката Рекорд пред само три или четири месеци. Јавноста сеуште не е информирана за случајот каква разрешница има. 24 годишно момче беше брутално убиено со 6 куршуми од автомат калашников на улицата на „Џон Кенеди“ во скопски Чаир. Јавноста не е информирана за случајот каква разрешница има. Убиство и двајца повредени од огнено оружје во Мала Речица, целата јавност го виде тоа. Сторителите замислете ќе лежат само неколку месеци за убиство. Убиство на политичар и носител на листа во Кичево непосредно пред локалните избори. Убиство во кафуле во Струга. Сторителите ни трага ни глас, ги нема“, додаде Арсовски, според кој, Спасовски треба да си поднесе оставка.