Поради пандемијата со коронавирусот, настапите на пејачите им се откажани, а се чини српските музички ѕвезди најдоа друг начин на кој можат добро дa заработат. Една од нив е и Теодора Џехверовиќ која почна да снима приватни роденденски честитки за кои зема многу пари.
Имено, пејачката дошла до идеја да снима честитки по нарачка и да ги наплати. Па така на пример, ако сакате оваа млада музичка ѕвезда да ви го честита роденденот или некој друг празник, па и важен датум, за тоа ќе треба да платите петстотини евра.
Добар ден, ме интересира цената на овие честитки. Конкретно, од Теодора Џехверовиќ. Благодарам – пишува во пораката на една од заинтересираните обожавателки.
Почитувана Ана, цената на персонализирана видео порака од Теодора е петстонини евра. Срдечен поздрав – се наведува во одговорот.

Извор: blic.rs


