Мајк Тајсон, поранешен шампион во бокс во тешка категорија, со борбата против Рој Џонс закажана за 29 ноември, за првпат по 15 години ќе се врати во рингот, јавува „Анадолија“.
Дуелот меѓу Мајк Тајсон и Рој Џонс ќе се случи во „Дигнити хелт спортс парк“ (Dignity Health Sports Park) во американскиот град Лос Анџелес, додека во живо ќе се емитува на ТВ-каналот „S Sport Plus“.
Педесет и четиригодишниот Тајсон својата последна борба ја имаше во 2005 година, додека 51-годишниот Рој Џонс последен пат боксуваше пред две години.
Исто така, битката помеѓу двајцата боксери ќе се одвива во осум рунди.
Тајсон во својата кариера има 50 победи и шест порази, додека во 1986 година, кога имаше само 20 години, по победата против Тревор Бербик, ја доби титулата најмлад шампион во тешка категорија.
Џонс во својата кариера има 66 победи и девет порази, а стана шампион во четири различни категории.