Преубаво е да си татко на две ќерки – Фудбалерот Влатко Гроздановски по втор пат стана родител – ММС
ММС

Објавено на: 11/18/20 4:27 PM

Преубаво е да си татко на две ќерки – Фудбалерот Влатко Гроздановски по втор пат стана родител

Поранешниот фудбалски репрезентативец, а сега помошник тренер на У-21, Влатко Гроздановски повторно стана татко. Неговата сопруга, манекенката  Христина, утрово роди ќерка. Ова е второ дете на фудбалско- манекенскиот брачен пар. Тие ја имаат 22 месеци постарата ќеркичка Мила.

-Денес по втор пат станав татко, мојата сопруга Христина на свет ја донесе нашата втора керкичка Ива. Мила си доби сестричка. Да си жива и здрава ќерко, напиша Влатко на својот Фејсбук профил.

ММС го контактираше среќниот татко, кој возбуден се подготвуваше да оди во болниц за прв пат да ја види својата убавица.

-Не сум ја видел уште, не пуштаат поради ковид мерките. Важно дека и двете се чувствуваат супер. Му благодариме на доктор Панчевски, се помина во најдобар ред. Да бидеш татко на две ќерки е преубаво чувство. Миа и Ива се разлика 22 месеци, ќе си растат заедно,  рече среќниот татко Влатко за ММС.