И по деветмесеци проблемот со метежот пред тетовските банки никако да се реши. Тука физичката дистанца речиси е новозможно да се одржи.
Граѓаните реагираат, велат дека тука од кога започнала пандемијата имало ред единствено кога асистирала војската и полицијата, но тоа траело неколку недели. Сега за да завршиш одредена работа мора да чекаш со часови, па можеби и наредниот ден ќе ти биде резервиран за чекање пред банка и тоа и до 100 лица залепени еден до друг
.Од Кризниот штаб на Општина Тетово, велат дека банките сами треба да го организираат редот. Прв чекор е продолжување на работното време, со цел намалување на метежот.
Во тетовско секојдневно расте бројот на заразени со КОВИД 19, но надлежните против изворите каде највеќе се шири болеста не преземаат доволно чекори .
З.Д.


