ФОТО: Адидас ја „реинкарнираше“ Југопластика – ММС
ММС

Објавено на: 11/18/20 12:53 PM

ФОТО: Адидас ја „реинкарнираше“ Југопластика

Германскиот гигантски производител „Адидас“ од „ведро небо“ евоцираше спомени на еден од најголемите европски кошаркарски клубови, сплитска Југопластика.

Во чест на екипата која при крајот на ’90-те години на минатиот век буквално претставуваше доминантна сила во Европа, освојувајќи три трофеи во Евролигата по ред, „Адидас“ произведе ограничена ретро колекција на патики и опрема од славните победнички времиња.

„Топтенките“ со натпис Југопластика, како и препознатливата жолта торба ќе бидат на продажба и ќе предизвикаат интерес кај оние стари кошаркарски романтичари, југоносталгичари, фанови на Тони Кукоч или можеби почитувачи на ликот и делото на Божидар Божо Маљковиќ.