Четири фудбалери на Ерменија позитивни на Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 11/18/20 10:44 AM

Четири фудбалери на Ерменија позитивни на Ковид-19

Последните ПЦР тестирања пред решачкиот дуел во Ц-дивизијата во Лигата на Нациите, покажаа четири случаи позитивни на Ковид-19.

Стандардните репрезентативци на ерменската фудбалска репрезентација, Газарјан, Чалишер, Адамјан и Меликсетјан, нема да настапат против селекцијата на Македонија денес во Кипар од 18:00 часот.

Но, Капарош нема да е единствениот кој ќе има проблеми во составот и во изборот на играчите. Игор Ангелоски нема да може денес да смета на капитенот Пандев, Елиф Елмас, Енис Барди, голманот Димитриевски.

Бод во Кипар или победа против Ерменија, Македонија ќе ја искачи скалило погоре, односно прогрес во Б-дивизијата на Лигата на Нациите.