Двајца американски филмски продуценти заминале во Тајланд, на местото каде се одвиваше акцијата за спасување на момчињата кои беа блокирани во пештерата, јави Би-би-си. Мајкл Скот и Адам Смит од компанијата Пјур-Фликс веќе разговарале за можен филмски проект.
Бидејќи тие таму пристигнале пред да бидат спасени сите момчиња и нивниот тренер, Смит бил прашан дали нивниот потег е невкусен, но тој изјавил дека „ќе дојдат и други продукциски куќи, па мораат да бидат брзи”.
Спасувачите-волонтери со натчовечки напори успешно ја спроведоа спасувачката операција извлекувајќи ги 12-те момчиња и нивниот тренер од тајландската пештера, во која беа заглавени цели 18 дена. Тие беа прикажани на тајландската телевизија како танцуваат и пеат од радост.