На инстаграм ја следат 177.000 корисници, но кога требало да го заокружат нејзиното име на локалните избори во Босна и Херцеговина, тоа го направиле 88 луѓе. Инфлуенсерката, Емина Јахиќ беше кандидатка на партијата Демократски фронт за Градскиот совет во Тузла. Нејзината кандидатура наиде на големо јавно внимание, додека медиумите пренесуваа дека на изборите ќе учествува девојка од Тузла со 170 000 следачи.
Иако некои очекуваа дека со таква база на фанови таа без сомнеж ќе стане дел од Градскиот совет, на крај само 88 луѓе посакале таа да ги застапува.
„Еден од проблемите на кои сакам да се фокусирам, а со кои повеќето се соочуваат, е стекнувањето прво работно искуство. Во следниот период сакам да ги слушнам вашите предлози и предлози за да можеме со заеднички сили да се избориме за своите права и да ја подобриме својата положба во општеството. Покрај ова, ќе работам на подобрување на условите за живот на сите нас во месните заедници кои и припаѓаат на тузла и со ваша помош ќе ја направам нашата Тузла подобро место за живот“, истакна дваесет и двегодишната Емина пред изборите.
Извор: index.hr/magazin