Кујтим Фејзулај, терористот кој изврши напад во центарот на Виена на втори ноември и уби четири лица, наводно работел како обезбедување во една од болниците во градот во текот на првото „заклучување“ на земјата за да се спречи ширењето на коронавирусот. Оваа информација ја дал во текот на солушувањето, долгогодишен познаник на напаѓачот, кој во моментот е во притвор поради сомнеж дека бил соучесник.
Фејзулај и еден од неговите познанини пролетта некое време работеле како обезбедување во болница, со која немале договор за работа, туку со фирма за безбедност.
Службата за безбедност на болницата, како што информирал познаникот на Фејзулај, секојдневно се организирала преку група на What’s up.
Фејзулај пред терористичкиот напад живеел на државен трошок во стан во Виена што го плаќала локалната самоуправа. И покрај тоа што тој служел затворска казна поради обид за придружувае на екстремистите во Сирија, Фејзулај во рекорден рок добил субвенциониран стан.
Дваесетгодишното момче на 11 февруари годинава се пријавило на програмата за поддршка на младите граѓани во Виена. Потоа, Фејзулај потпишал договор за наем на стан, додека многу други луѓе за ова може да чекаат со години. Користел стан од 41,9 метри квадратни.
Фејзулај добивал социјална помош од 917,35 евра, а тој износ требало да биде намален на почетокот на декември поради недостиг на средства. Австриското Министерство за внатрешни работи неодамна потврди дека напаѓачот лани учествувал на состанк на џихадистите.
Извор: blic.rs/vesti/svet


