До крајот на годинава тетовското рекреативното место Бањиче ќе добие пикник место – ММС
ММС

Објавено на: 11/17/20 6:44 PM

До крајот на годинава тетовското рекреативното место Бањиче ќе добие пикник место

До крајот на оваа година рекреативното место Бањиче ќе добие пикник место, каде граѓаните ќе можат да се релаксираат на чист воздух.Овој проект во износ од 23 милиони денари е добиен од Агенцијата за рурален развој со кофинансирање на општина Тетово.

Веќе се санираат речното корито, термоминералните извори, а се поставува урбана опрема.

Заедно со продолжување на патот на оваа рекреативно-спортска точка се заокружува капитална инвестиција во износ од 50 милиони денари за изминатите три години.

Во изминативне неколку години целосно беше реконструиран патот до рекреативнот место Бањиче, а се постави и патека која служи како една од ретките места во градот за прошетка и рекреација.

З.Д.