Се’ уште постои добрина кај луѓето: Бабичка си ги изгубила парите за сметките, па се расплакала среде Сплит, наишло хумано момче… – ММС
ММС

Објавено на: 11/17/20 5:26 PM

Се’ уште постои добрина кај луѓето: Бабичка си ги изгубила парите за сметките, па се расплакала среде Сплит, наишло хумано момче…

Хумано момче од Сплит вчера направило хуман гест и и’ го разубавило денот на бабичка, а и покажало дека се’ уште постои добрина кај луѓето. Имено, постара госпоѓа тргнала да ги плати месечните сметки за комуналии, телефон и слично во поштата на улицата „Домовиснки рат“ во Сплит. Но доаѓајќи на шалтерот, сфатила дека парите што ги понела за плаќање на сметките ги изгубила некаде по пат.

Од очај заплакала среде улица, пред поштата. И’ пришло момчето и ја прашало зошто плаче, а таа му раскажала. Момчето ги зело сметките, пресметало колку пари се тоа, па и’ дало толку куни што биле потребни за плаќање на сметките, па и малку повеќе.

„Баба ми вели дека момчето ја насмеало, ја прегрнало и и’ рекло дека се’ ќе биде во ред. Не знам кој е, но сакам да му заблагодарам, макар и по овој пат, ако некогаш види – рекла внуката на бабичката за „Далматински портал“, каде што се обратила за јавно да му заблагодари на момчето.

Момчето било на возраст нешто над 20 години, синооко, мирно и кутурно, како што го опишала бабата.

„Ти благодарам од срце. Ти посакувам многу здравје и среќа“, му порачува внуката на хуманото момче.